Прегазен 93-годишник од Скопје

Во текот на вчерашниот ден бил прегазен 93-годишник од Скопје. Извршен бил увид од страна на полицијата.

Како што соопшти полицијата, на 12.09 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45“, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Претходна вестКовачевски за забелешките од Брисел: Сите процеси што се одвиваат кај нас се на некој начин комуницирани со ЕУ
Следна вестБитиќи: Не може храната во Европа да поскапи 11, а кај нас 46 отсто