Мицкоски: Ако Спасовски не го заштити градоначалникот Стефковски затоа што спроведе закон, ќе се самоорганизираме и ќе се заштитиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика министерот Спасовски да реагира по заканите упатени кон градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски само заради тоа што спроведува закон и урна дивоградба на државно земјиште каде ќе се гради градинка. Доколку Стефковски не биде заштитен Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се организира и ќе се заштити од криминалците и политичката болумента која што ги штити.

-Боби има закани, за кои што и јас знам, по својот живот и животот на своето семејство затоа што спроведе закон. Односно после неколку предупредувања, интервенции итн., како општина, ја зема правдата во свои раце по закон тоа што треба да го направи и ја урна таа дивоградба. И поради тоа што урна дивоградба добива закани од лицето и семејството на лицето кое што ја изградило таа дивоградба на парцела која што е сопственост на општината, односно државно земјиште каде што треба да никне градинка. И тоа е пријавено во МВР, од МВР не реагираат и оставаме уште неколку дена и ние мора да се браниме и ќе мора да се заштитиме од ваква болумента криминална која што заедно со политичка болумента напаѓа овластени лица само заради тоа што го спроведуваат законот. И верувајте, еве тоа е порака и до овие што се закануваат ќе се организираме и ќе се одбраниме, ако мислат дека нема да се одбраниме, се лажат. Еве јас ги гледам во очи, преку вас медиумите и им кажувам дека си играат со оган. Го повикувам и министерот Спасовски да го заштити животот на Боби и неговото семејство затоа што во спротивно ако, не дај Боже, нешто се случи, тој лично ќе биде одговорен. А, ВМРО-ДПМНЕ има должност барем на тоа ниво каде што може да го спроведе законот и тој закон ќе важи за сите, и за оваа криминална болумента што се заканува и за тие политички криминалци и болумента политичка која што ги штити и за секој оној кој што ќе го прекрши законот. Сега таму каде што можеме тоа е на локално ниво, во оние општини каде што имаме градоначалници, а за неколку месеци од денеска и на територијата на државата Македонија. Тоа е основната цел на политичарите со која што ние ќе покaжeме дека не сме исти затоа уште еднаш предупредувам ако министерот не е способен јавно кажувам ќе се самоорганизираме и мојата порака до оваа криминална болумента е дека ќе бидат поразени, истакна Мицкоски.

Инаку претходно Бобан Стефковски соопшти дека контиунирано добива закани по по живот од лицето кое сакаше да гради објект на државен имот.

Мицкоски кој денес беше во посета на општина Ѓорче Петров, запрашан за уставните измени денеска уште еднаш порача дека партијата нема да прифати ниту сега, ниту во иднина уставни измени под бугарски диктат.

– Ако ова се условите коишто ќе останат и идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да влезе во процес на уставни измени под овие услови, додека условите не се променат. А кои услови да се променат. Договорот тие го потпишаа со политичари кои не можат да испорачаат, немаат кредибилитет и длабоко се навлезени во криминал. Ние свесни за тоа, како државотворна партија, во многу наврати нудевме решенија. Го промовираа хрватскиот модел им го прифативме, па го одбија, им понудивме предвремени избори, гаранции… се одбија. Под овие услови ВМРО-ДПМНЕ, македонскиот народ и огромното мнозинство граѓани нема да прифатат. Додека не видиме добра волја од бугарска страна дека навистина сакаат да бидат добри соседи, бидејќи ги следам изјавите на нивниот претседател Радев кој вели дека сега дека тоа не биле бугарски барања туку европски, рече Мицкоски.

Претходна вестГодишно обраќање на Урсула фон дер Лајен: ЕУ може да функционира со 30+ членки, проширувањето не смее да чека
Следна вестУкрадената слика на Ван Гог пронајдена во кеса од „Икеа“