Македонската влада не престанува да гради патишта низ земјава. Многу табли и каментемелници се поставија. Еве за денеска е најавено дека премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе се обратат на настан по повод градежни активности за изградба на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10-д.
Ова е нова патна делница на која треба да се израдува Македонија. Во мај годинава кај индустриската зона во Прилеп беше поставена табла со податоците за изградбата на автопатската делница (39,3 километри), по што почнаа и геоистражувачките работи и останатите подготвителни активности.
Како што беше соопштено рокот за изградба на автопатот е 57 месеци. Ќе се одржи ли зборот-ветеното останува да се види.
Доказ дека македонската влада сериозно се зафака со градење на патишта е неодамнешната изјава на премиерот дека за 5 години изградиле 1300 километри автопатишта. За тоа имаше дури и реклами, спотови по медиумите и на социјалните мрежи.
Да не заборавиме власта вели дека е при крај и патот Кичево – Охрид, а веќе од државниот буџет се даваат пари и за почеток на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10: делницата Тетово Гостивар е во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани е 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан е близу 22 километри, а патниот правец Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.