Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово гаселе пожари на четири различни локации во поширокиот кумановски регион, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи.
Сува трева и стрништа гореле на „Никуљски пат“ во Куманово и во атарот на село Ваксинце во општина Липково во попладневните часови. Кумановските пожарникари ноќва интервенирале и на опожарено стрниште во близина на асфалтна база, спроти мотел Романовце на магистралниот патен правец Куманово-Скопје. Екипи на „Национални шуми“ гаселе пожар во близина на липковското село Никуштак.