Новинар покажа тела во парламент, за кои тврди дека се на вонземјани

Две наводни фосилизирани вонземски тела беа изложени пред политичарите на специјална седница на Мексиканскиот конгрес. Наводните тела биле изложени во стаклени кутии, а ги презентирал новинарот и самопрогласен уфолог Хаиме Маусан. Тој тврди дека биле испорачани од Куско, Перу и се вели дека се стари 1.000 години.

– Овие примероци не се дел од еволуцијата на нашиот свет. Ние не сме сами во огромниот универзум, мораме да ја прифатиме оваа реалност, рече Маусан, кој тврди дека јавноста има право да учи за нечовечките суштества и технологии.

Маусен рече дека примероците биле анализирани од Националниот автономен универзитет во Мексико (УНАМ), а научниците кои успеале да ги добијат примероците на ДНК користеле тестирање на радиојаглерод за да ја одредат нивната возраст.

Претходна вестОд следната среда за 10 отсто пониски цени за над 50 основни прехранбени производи
Следна вестВторо големо поскапување во само неколку дена, поскапуваат дизелот и бензинот