ВМРО-ДПМНЕ: СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици

СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење, соопшти денеска  ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија наведува дека со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар.

-Можеше  да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести. Но наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор. Македонија не може да тргне ни милиметар напред додека СДС и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење, се потенцира во соопштенито.

Од партијата додаваат дека со СДС и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз.

-Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот, стои во соопштението на партијата.

Претходна вестМОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк
Следна вестОд поплавите во Либија загинаа над 11.000 луѓе, стотици илјади се загрозени