СДСМ работи во интерес на граѓаните и државата и прави сè за членство во Европската унија, наведува владеачката партија во денешното соопштение.
Се додава дека по 17 години чекање се започнати преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и признат македонски јазик.
-Усвојувањето на уставните измени е за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбеди европската иднина на државата и на граѓаните. Од друга страна ДПМНЕ само блокира и се поставува како пречка на патот кон ЕУ членство. Сите лаги и деструкции на ДПМНЕ им потонаа и за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат. Со попречување на напредокот на европскиот пат, ДПМНЕ кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните, економска извесност, подобри перспективи за младите, потенцираат од партијата.
СДСМ укажува дека пред државата е единствена можност, што треба да се искористи.
-Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна, наведува СДСМ.