В понеделник закажан нов протест за скандалите на Онкологија, „Се лечеле Косовари на товар на Фондот“

За во понеделник е најавен нов протест за скандалите на Онкологија. Организаторите на протестите по скандалите на Онкологија повикаа на нов протест што ќе се одржи в понеделник, 18 септември во 18 часот. Покрај другите скандали тие велат дека има нов а тоа е дека се лечеле косовски државјани на товар на Фондот.

– Катастрофалното работење на Клиниката за Онкологија секој ден се потврдува со нови скандали. Она што најново шокира е признанието на доктор на Клиника за онкологија, кој во интервју кажа дека косовски државјани се лечеле како македонски државјани. Односно, истиот државјанин на Косово во брза постапка добивал македонско државјанство и здравствено осигурување за да се лечи на Клиниката на онкологија.

После ова признание од доктор, бараме одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово, се наведува во повикот за протестот.

Се бара целосно расветлување на овој скандал, како и одговори кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство.

Претходна вестПедофил нападнал три и пол годишно дете во скопско Дебар маало, му ги соблекол гаќичките и го допирал
Следна вестВрховниот суд ги одби жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“