Сончево со умерена облачност, во текот на ноќта услови за поројни дождови

Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утринската температура се движеше од 12 до 17 степени, а дневната ќе биде меѓу 24 и 31 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Температурата изутрина изнесуваше 14 степени,а  преку ден ќе достигне 30 степени.

Претходна вестЈовиќ: Против Алборг достојно ќе го презентираме македонскиот ракомет
Следна вестНов протест за криминалот на Клиниката за онкологија: Се бара правда за жртвите