Стојкоски: Општина Ѓорче Петров добива нова и ефикасна општинска зграда, жителите повеќе нема да трчаат на 5 различни локации

Добредојдовте во Општина Ѓорче Петров на 20 септември – Денот на општината Ѓорче Петров, ден на кој славиме 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров, истакна Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

-Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години денес ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров.

Сакам да се заблагодарам на сите чинители кои имаа можност досега да бидат вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор, во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот кој го користевме досега на 5 различни локации. Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација

Би истакнал и нешто друго што е многу важно, се наоѓаме пред сериозни искушенија поминавме енергетска криза, овој објект е енергетски ефикасен и во изминатиов период ги реализиравме можеби за повеќе од 50% сите трошоци кои ги имавме во делот на електрична енергија, а секако ќе реализираме други трошоци кои се јавуваат како резултат на последното движење на локациите кои ги имаме.

Горд сум што бев вклучен во овој проект од самиот стар, најпрвин како претседател на Советот, и еве сега во функција на градоначалник да го означиме стартот на новата општинска зграда, додава Стојкоски.

Претходна вестПретепани две скопјанки- една од поранешниот, другата од сегашниот сопруг
Следна вестТрајковски: ДПИ спроведува надзори, граѓаните да пријават неправилности околу цените