Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Данска се поразени од ракометарите на Алборг со 38:23. Македонските шампиони добро го почнаа натпреварот и беа рамноправен противник, но наскоро почнаа да ја губат контролата врз натпреварот.
Семафорот кој на крајот од првото полувреме покажа 18:10, а во вториот дел на теренот имаше само еден тим, тимот на Алборг кој во 52 минута имаше и најголема предност од 16 голови.
Во третото коло од европската ракометна Лига на шампионите, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува германскиот шампион Кил.