Ако не се постави цевководот за парно ценовно цунами ќе помине преку мостот „Беласица“, предупредува Бислимовски

Значително поскапа цена на парното греење ќе треба да плаќаат скопјани доколку во скоро време не се постави новиот цевковод преку опожарениот мост „Беласица“, предипреди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Тој апелира поставувањето на цевководот да започне што побрзо. Преку овој цевковод се транспортира енергијата од ТЕ-ТО којашто е за трипати поевтина од онаа од  топланите Исток и Запад.

-Вкупниот трошок во крајната цена кој го плаќаат граѓаните од Скопје е 52 проценти од топланите, а трошокот за ТЕ-ТО е 36 отсто. 60 отсто од топлинската енергија за Скопје се обезбедува од ТЕ-ТО, а 40 проценти од топланите во Скопје. Ако не се постави овој цевковод, тогаш би ни се случило ценовно цунами. Од тие прочини, додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот, нема да донесеме одлука за цената. Доста беше поради нечии препирки тоа да оди на грбот на граѓаните, рече Бислимовски.

Тој уверува дека нема да дозволат да дојде до ценовни шокови. Рече дека 30 проценти од сметката за топлинска енергија е субвенционирана, а новата цена ќе зависи и од тоа дали повторно ќе има владина помош.

Годинава кога ќе се носи одлуката за ценатата на парното во Скопје ќе се одреди една цена за сите корисници односно исто ќе плаќаат и оние кои се приклучени на таканареченото железарско парно и оние на Топлификација Север.

Претходна вестОбвинителка Ленче Ристовска: Измените во Кривичниот законик ги доживувам како навреда
Следна вестГостиварка си го оставила седуммесечното бебе само и дехидрирано