Зоран Кастратовиќ се враќа на местото на успехот по само еден месец пауза. Искусниот стратег потпиша двегодишен договор со Ал-Мудар, клуб кој се бори за трофеи на сите фронтови во Саудиска Арабија.
Во меѓувреме Кастратовиќ ја водеше репрезентацијата на Саудиска Арабија, а Ал-Мудар го презеде Матео Гаралдо.
Кастратовиќ со Ал-Мудар минатата сезона завршија на втората позиција на табелата во домашниот шампионат, но го освоија Купот на Саудиска Арабија.
57-годишниот Зоран Кастратовиќ во кариерата работеше во македонските клубови Вардар, Металург и Пролет, а исто така ги водеше и Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел-Џаиш.