Полицијата вчера го приведе 28-годишниот Е.Б. од селото Арачиново, осомничен дека ден претходно крадел во сендвичара, а на 14 септември од куќа одзел патничко моторно возило.
На 22.09.2023 околу 12.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Е.Б.(28) од с.Арачиново. Тој се сомничи дека на 21.09.2023 изршил тешка кражба во сендвичарница, дека на 14.09.2023 извршил тешка кражба во куќа во с.Арачиново и дека одзел патничко моторно возило – велат од МВР.
Полицијата извршила разговор со осомничениот, а тој ги признал делата. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, а при лишувањето кај него, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави