Малолетничка е тешко повредена во Струга, откако била прегазена од мотоцикл.
Како што соопшти МВР, на 21.09.2023 околу 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од с.Радолишта, струшко, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетничка – пешак од Струга. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на место на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.