По неодамнешниот воен удар во Нигер, Франција ќе ја прекине воената соработка со оваа африканска држава. Всушност ќе си ги повлече своите 1.500 војници до крајот на годината.
Ова го изјави денеска францускиот претседател, Емануел Макрон. Одлуката е удар за француските антитерористички операции во регионот Сахел, како и за француското влијание во регионот, но Макрон рече дека „пучистите нема да ја држат Франција како заложник“.
-Франција одлучи да го повлече својот амбасадор и да ја прекине воената соработка со Нигер, рече Макрон.
Инаку, по пучот во Нигер, воената хунта на Нигер побара заминување на француската војска од земјата и го прогласи францускиот амбасадор за персона нон грата и му наложи да ја напушти земјата во рок од 72 часа. Макрон жестоко се спротистави на барањата на Нигер и рече дека Франција не ја признава новата власт на Нигер и нема да ги исполни нејзините барања.
Сепак сега најавува заминување на француската војска.