На 24.09.2023 околу 23:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода С.В.(37) од населба Илинден.
Тој се сомничи дека околу 18:00 часот со тврд предмет му нанел повреда на неговиот сосед А.П.(49), откако претходно, поради нарушени меѓусоседски односи, во својот дом бил физички нападнат од А.П..
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.