Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во скопската општина Ѓорче Петров, информира полицијата.
МВР извести дека синоќа во 22.50 часот е пријавено дека во Скопје, на улицата „Борис Сарафов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „сеат“, управувано од Р.И. од скопското село Љубин и возило „фолксваген голф“, управувано од М.Љ. од Скопје.
-Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот од „сеатот“, А.И., а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „фолксваген голф“, И.И., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.