Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери ќе биде отворена вечерва во 19 часот во МАНУ. Таа се организира во година кога се одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, од страна на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
Изложбата која ќе патува низ пет македонски града, а свеченото затворање ќе биде на 23 октомври во Битола, на Денот на македонската револуционерна борба.
На изложбата ќе бидат изложени фотографии од приватни колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски на македонските револуционерни икони Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев, Димо Хаџи Димов, Христо Чернопеев и други значајни ликови, изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни, Првата светска војна, како и меѓувоениот период.
Обраќање на изложбата ќе имаат Академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Никола Жежов и м – р Мими Ѓоргоска Илиевска.