За мечките ќе се бара хуман пристап

Преку законот за ловство кој чека на собраниско усвојување може да се реши проблемот со појавата на мечките во населените места во западните делови на земјава, изјави денеска министерот за земјоделие Љупчо Николовски. Тој апелира до пратениците овој закон што побрзо да биде изгласан зашто тој предвидува како да се решава овој проблем. Според него, без согласност на Министерството за животна средина не може да има отстрел, а од друга страна државата мора да ја гарантира безбедноста на населението.

Министерот потврди дека во понеделник ќе има состанок за да се одлучи дали ќе и се предложи на Владата прогласување кризна состојба, а екипи на Министерството за земјоделство веќе биле на терен на средба со жителите во Маворово и Ростуше.

-Ова е комплексно прашање за кое деновиве интензивно разговараат сите засегнати. Екипи на МЗШВ и раководителите на надлежните сектори за ловство и шумарство беа на терен, на средба со жителите во Маворово и Ростуше. Во 1997 година ние сме ја прифатиле со Закон ратификацијата на Конвенцијата со која мечките се заштитиени и од тој период нивниот број расте. Секако дека забраната за отстрел постои, а и станува збор за Национален парк во кој МЗШВ нема ингеренции. Но, тука сме согласно законските регулативи да помогнеме да се најде решение зашто жителите се навистина во страв. Ова е нова состојба и тоа е уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура да не биде блокиран и биде изгласан зашто во него постои можност кога има во урбани средини и други населени места загрозување на животот и објектите е регулирана постапката, но од друга страна мора да го имаме и химаниот пристап, изјави тој одговорајќи на новинарски прашања по изјавата со која го најави претстојниот втор Национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржи на 7 октомври.

Претходна вестСанирани оштетените патеки на мостот „Обединети нации
Следна вестОливер Спасовски: Апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот на носење Закон за амнестија