Дури 90 проценти од институциите во Пелагонискиот регион се непристапни за лицата со инвалидитет.

Донесените закони и конвенции кои се за подобар и поорганизиран живот на лицата со инвалидност да се почитуваат, побараа денеска лица со инвалидност од повеќе македонски градови со дефиле низ битослкиот Широк Сокак. Тие предупредуваат дека  нормативите не ги почитуваат државните институции.

Според Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија, Законите отсекогаш постоеле и во нив се пропишани мерките за пристап до објекти.

– Со денешното дефиле сакаме да се подигне јавната свест но не само на обичниот граѓанин, туку и на институциите за основните права кои треба да се почитуваат, а тоа се пристапноста и примената на универзалниот дизајн посебно при изградба на јавни објекти. Пристапноста е најголемиот проблем бидејќи без тоа лицата со инвалидност не може да ги остварат своите права во здравството, образованието, не може да посетуваат спортски, музички и други настани. Законите не се проблем, бидејќи тие отсекогаш постоеле и во нив се пропишани мерките за пристап до објекти, но проблемот во нашата држава е што законите не се почитуваат од институциите, истакна Прчева.

Домаќин и организатор на дефилето на лицата со инвалидност беше Здружението Мобилност-Битола, а мото на настанот „До пристапност со универзален дизајн“.

-За жал и во Битола институциите не учествуваат со соодветен одговор на нашите потреби, а мапирањето што го направивме констатиравме дека во цел Пелагониски регион, дури 90 проценти е непристапен за лицата со инвалидност, изјави Нико Јанков, претседател на Мобилност-Битола

На дефилето во Битола учествуваа членови на здруженијата на лица со телесен инвалидитет од Велес, Штип, Гевгелија, Радовиш, Битола, Демир Хисар, Ресен и други македонски градови.

Претходна вестПазарната инспекција за 10 дена затвори десет маркети, издадени казни од над милион евра
Следна вестНа изборите во Словачка води прорускиот поранешен премиер Фицо