Од денеска во трговијата почнува да се применува новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи, а што ќе предизвика нивното поскапување. На списокот што го добиле трговците, се наоѓаат и брашното, џигерот, сладоледот. потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, а 10 отсто ДДВ ќе има и за замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.
ТВ „Сител“ дојде до листата производи која брои над илјада артикли. Меѓу нив, како што објави оваа телевизија се и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините…
Како што е познато, во Собранието деновиве поминаа измените со кои се овозможи примена на нова данопчна стапка на ДДВ од 10 отсто, покрај основната од 18 отсто и повластената од пет отсто.
Владата ја криеше од јавноста листата производи и уверуваше дека ќе поскапат производите кои ретко се купуваат, како и дека обичните граѓани нема да бидат погодени од оваа мерка. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони ерва.
Од друга страна, телевизијата Телма синоќа објави дека Владата ќе ја преиспитува одлуката за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 отсто за дел од производите кои според последните законски измени на Законот за ДДВ, според проценките на Министерството за финансии беа означени како “луксузни” и отпаднаа од групата основни прехрамбени артикли за кои ДДВ – то е 5 проценти. Измени, дознава Телма, со сигурност, ќе има кај преработките од млеко, како сирење, урда и кашкавал. Но, и за други производи. Ќе се оценува и спроведливоста на новите стапки на ДДВ од 10 отсто и за увозот на дел од тропското овошје и прерабптки од зеленчук.
Одлуката за над 1600 производи кои се оданочуваат со 10 проценти ДДВ е објавена во Службен весник на 28-ми септември. Но, за голем дел производи е оценета како нејасна и неспроведлива во пракса.
Прашање е и како овие нови цени ќе се одразат врз инфлацијата. Токму за да ја сузбие инфлацијата, која главно е потикната од цените на храната, Владата деновиве донесе одлука со која се максимира цената на повеќе производи на нивото од 1 август годинава намалена за десет отсто. Сега, ефектите од оваа мерка веројатно ќе се анулираат. Денеска Светска банка во најновиот извештај прогнозира дека годинава Македонија ќе ја заврши со инфлација од 9,1 отсто.