Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за првпат во оваа сезона ќе судат натпревар од Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација ги делегира двајцата Македонци на натпреварот меѓу словенечкиот Целје и францускиот Монпелје.
Овој натпревар ќе се одигра во „Златорог Арена“ во Целје на 11 откомври со почеток во 20:45 часот.
Николов и Начевски немаа делегирања во првите три кола од елитното натпреварувања.