Апел на ТАВ: Од понеделник патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот

Апел до патниците од понеделник да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот, денеска упати компанијата ТАВ. Причина за ова, според концесионерот на скопскиот аеродром е надградба на системот за багаж.

– Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, апелираат од компанијата.

Претходна вестУсмртена мечка во сообраќајка на регионалниот пат Тетово-Јажинце
Следна вестЗапочнува системот за наплата на паркинг во Ист Гејт Мол