Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Молвоведува систем за наплата на паркингот. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град.
Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата. На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.