Maлолетник повреден во автобус во Арачиново, возачот нагло закочил

Вчера, во полицијата било пријавено дека во селото Арачиново, Скопско, малолетник од Мојанци добил тешки телесни повреди додека се превезувал во автобус. – До повредата дошло кога возачот С. Н. (64) од Скопје нагло закочил, при што малолетникот паднал, велат од МВР.

Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестЛевица: Трошоците за „Бихтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет, од овој проект корист ќе има само власта предводена од ДУИ
Следна вестЗагрижувачки: Од секојдневни нерасположенија и безнадежност страда секое второ девојче до 15 години, секое трето е осамено…