Македонските ракометарки го декласираа Азербејџан на стартот од квалификациите за ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Вечерва во Скопје, според очекувањата, Македонија го декласира Азербејџан со 40:17. Воведните минути беа јасен показател во која насока ќе се движи натпреварот. Македонските ракометарки стекнаа предност 9:1, која потоа само се зголемуваше.

Македонија ја предводеа Седлоска и Саздовска со по седум голови, пет постигна Јанкуловска, а четири Младеновска.

Во второто коло во Групата 5, Македонија ќе гостува во Литванија. Натпреварот ќе се одигра на 15.октомври.

Претходна вестСЗО: Европа старее, следната година ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години
Следна вестПелистер со победа, ТФТ и МЗТ Скопје со порази во АБА 2 лигата