Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во уставот, изјави утринава во емисија на радио „Лидер“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според Мицкоски, досега Бугарија нема покажано добра волја кон нашата држава.
-Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има каква било опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат, рече Мицкоски. Тој посочи дека не знае друга држава која имала билатерален спор во преговарачка рамка. На прашањето во врска со претстојните претседателски избори, Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира изборите.