Назначени нови директори на Дерматовенерологија и Кардиологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити именуваше нови медицински директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија, информира Министерството за здравство.

На Универзитетската клиника за дерматовенерологија за нов в.д. медицински директор е назначен д-р Дејан Филиповиќ, кој од 2018 година е вработен на оваа клиника како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Тој, во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, член на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.

Исто така, за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста, долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 година е вработен на Клиниката за кардиологија на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на УК за кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Претходна вестПалестинците бегаат кон јужниот дел на Газа, десетици загинати во напад на конвој
Следна вестКога не се користат своите шанси: Македонија поразена од Украина