Пак има потврда за цврстата поддршка на ЕУ за проширување со нови членки

Македонските државници често се сретнуваат со евро-бирократите. Разменуваат мислења, добиваат упатства, задачи…

Денеска премиерот Димитар Ковачевски во Тирана, Албанија, во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, оствари работна средба со Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.

Како што се соопштува, на средбата бела потврдена цврстата поддршка на ЕУ за проширувањето со земји од Западен Балкан, и било истакнато дека Македонија, како партнер од доверба и земја која последните шест години направи огромен исчекор во возобновување и развој на демократијата и демократските процеси, треба што поскоро да е дел од ЕУ.

Соговорниците размениле мислења и информации за актуелните политички состојби во Македонија, поврзани со продолжувањето на европскиот пат на земјата и чекорите и одлуките кои треба да се преземат за да се обезбеди продолжување на евроинтеграциите и конечно полноправното членство на земјата во Европската Унија, а согласно утврдената Преговарачка рамка со ЕУ.

Соговорниците изразиле и надеж дека сите политички чинители ќе ја имаат предвид неповторливата шанса за придвижување на земјата напред и ќе го исполнат барањето на граѓаните, земјата да стане полноправна членка на ЕУ.

 

Претходна вестГермански гигант пред крах, погодени околу 600 работници
Следна вестОд 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал