Франција ја зголемува безбедноста поради страв од терористички напади

Франција ја зголемува безбедноста на белгиската граница, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Безбедноста е зголемена откако претходната ноќ две лица беа убиени во Брисел.

– Немаме информации дека напаѓачот би можел да се движи кон Франција, но како мерка на претпазливост ќе го удвоиме бројот на безбедносните службеници на границата, изјави Дарманин за радиото „ртл“, пренесува „Ројтерс“.

Осомничениот за пукањето е идентификуван како Абдеселам Л (45) од Шербек, по потекло од Тунис. Обвинителството истражува видео на кое осомничениот вели дека ја поддржува терористичката организација „Исламска држава“.

Претходна вестКовачевски се заблагодари за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија
Следна вестВандали уништија неколку детски игралишта во скопски Аеродром