Полицијата вчера го привела дваесет и седумгодишниот Ј.П од Куманово, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана спремна за продажба. Тој бил задржан во полициска станица.
– На 16.10.2023 во 16.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.П.(27) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајдена и одземена марихуана и две дигитални ваги, информираат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.