Македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим во изборот на ЕХФ за првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2024. ЕХФ ја вброи меѓу седумте најдобри откако во Скопје со Азербејџан постигна седум гола, а во Вилнус против Литванија имаше осум.
Покрај Седлоска како најдобар лев бек, во изборот се и: Ана Кристенсен (голман, Данска), Клои Валентини (лево крило, Франција), Кристина Ласло (среден бек, Романија), Теа Стурлудотир (десен бек, Исланд), Алисија Тублан (десно крило, Франција) и Вилде Инстад (пивот, Норвешка).