Поради сумоборачи авиокомпанија морала да организира дополнителен лет

Јапонска авиокомпанија морала да обезбеди дополнителен, трет авион за група луѓе, откако две од леталата биле изложени на опасност да ја надминат дозволената тежина, но не поради вишокот багаж, туку- патниците кои биле сумоборачи. Имено, борачите требало да летаат со два авиони „Боинг 737-800“. Меѓутоа, кога луѓето во авиокомпанијата осознале дека патниците се луѓе со просечна тежина од 120 килограми, решиле да не ризикуваат… Загриженоста водела кон одлуката да се префрлат некои од спортистите во друг авион.

– Крајно невообичаено е да се воведе уште еден, посебен лет поради ограничувањата на тежината во авионите, изјави претставник на компанијата.

Дополнително, аеродромот каде што требало да слетаат, немало писта за поголем авион, па затоа авиокомпанијата реши да воведе уште еден лет за 27 борачи.

Ова не е првпат сумоборачи да се појават во медиумите поради ваква случка. Сѐ ова ги потсети интернет-шегаџиите и сеирџиите за сликата со борачи „набиени“ во мал патнички авион од пред неколку години, кои подоцна се фотографираа во автобус на пат кон својот камп.

Претходна вестДС: ДУИ и СДСМ владеат мафијашки, вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави
Следна вестГолема подземна термо станица ќе грее цел град во Шведска