Градежната компанија „Маланерги“ претвара поранешен магацин за нафта во резервоар за топла вода. Три подземни простории, ископани во 1970-тите, имаат волумен од 300.000 кубни метри и служеле како складиште за нафта до 1985 година.
– Ги претвораме во огромен термос за складирање топла вода. Таму ќе се складира енергија, понекогаш вишок, за употреба кога има недостиг, рече Рикард Свенсон, кој е одговорен за проектот за енергетската групација „Malarenergi“ во Вастерас, град кој се наоѓа на 100 километри западно од Стокхолм. Подземните магацини се наоѓаат во близина на термоцентралата која со струја и парно снабдува 130.000 жители на градот. Вишокот на топлина од електраната ќе ја загрее складираната вода преку цевки кои ќе се користат кога е потребно. Затоа во една просторија биле поставени стотици челични прачки кои ќе формираат ѕид кој ќе служи како еден вид излез.
– Се работи за тоа да можеме да складираме енергија, која понекогаш ја имаме премногу, и да можеме да ја користиме кога е во недостиг. Како голема батерија за да го намалиме нашиот климатски отпечаток, вели тој.
Тоа не е нов метод, но компанијата верува дека нивниот магацин е најголем од ваков вид во светот. Во 2021 година, финската компанија Хелен заврши сличен проект на островот Мустикамаи во близина на Хелсинки, со капацитет од 11,5 GWh.