Тешко повредена 28-годишна девојка, автомобилот во кој била излетал од патот

Дваесет и осумгдоишна девојка од Гевгелија е тешко повредена во сообраќајка кога автомобилот во кој што се превезувала излетал од патот. Таа била сопатничка во возилото кое го управувал Б.Н.(56) од Гевгелија, а несреќата се случила на регионалниот пат село Николиќ – Нов Дојран.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија, велат од МВР.

Извршен бил увид.

Претходна вестПрегазена 73 годишна жена во Кавадарци
Следна вестСкопје низ фотографии во библиотеката „Браќа Миладиновци“