Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не верува оти војната меѓу Израел и Хамас ќе ескалира во конфликт од пошироки размери, бидејќи како што рече „играчите не се подготвени за понатамошна ескалација“. Што се однесува до нападот на болницата, Путин истакна дека тоа е страшна трагедија.
– Мораме да се фокусираме на можноста за почеток на некои контакти и преговори. Имам впечаток дека никој не сака конфликтот да продолжи, да се развива понатаму и ситуацијата да се влошува. Според мене, практично нема големи играчи кои се подготвени да го ескалираат конфликтот и да го претворат во војна од големи размери. Некои не го сакаат тоа, некои се плашат, рече Путин.