Мицкоски: Владата на ДУИ и СДСМ го зголемија долгот за речиси 2,5 милијарди евра за да имаат повеќе пари за наместени тендери

Економската политика на Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ ја доведе Македонија до бездната. Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково која е во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

– Ако направиме споредба со регионот, да речеме Србија едно време која беше многу напред сега е позади Македонија некаде отприлика 53,5 проценти, Косово кое се уште реално нема оформено државност е некаде до 20 проценти, истакна Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на инфлацијата.

– Капитулираа и на друг план инфлацијата е некаде околу 8,4 проценти, а во еврозоната е 4,3 проценти речиси двојно помала. Што значи тезата дека е увезена не држи. Повторно е уште една лага на власта, укажа Мицкоски.

Мицкоски објасни зошто сето ова се случувало во изминатите години владеење на СДСМ и ДУИ.

– Владата на ДУИ и СДСМ во овие шест години за речиси 2,5 милијарди евра го зголеми долгот за да имаат повеќе пари за наместени тендери, тендери кои потоа ги договараат во 4 очи или со други зборови кажано постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци кои 6 години ја водат Владата, заклучи Мицкоски.

Претходна вестХоландскиот амбасадор Коп: Што правите освен што трупате изговори, зошто не ги исполнивте реформите пред 15 години?!
Следна вестЛевица: Директорка на училиште ги тера вработените да го измијат нејзиниот приватен автомобил