Убава ракометна вест ни донесе РК „Алкалоид“ од Шпанија. Ракометарите на скопскиот клуб стигнаа до првиот историски бод на меѓународната сцена.
Имено, против фаворитот „Ла Риоха“ среде Шпанија, во второто коло од групната фаза на Европската лига македонскире ракометари одиграа нерешено 29:29.
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазарв кој сега е тренер на „Алкалоид“ на 20-тина секунди до крај на мечот побара тајмаут на кој даде мајсторски насоки на своите ракометари како да одиграат во напад.
Ракометарите тоа го спроведоа во дело и Александар Петковски остана сам на крило, по што погоди за конечни 29:29.
Браво за првиот освоен бод на меѓународна сцена.