Безживотно тело на жена е пронајдено утрово во Тетово. Телото е пронајдено во непосредна близина на градскиот трговски центар.
– Утрово околу 9 часот и 30 минути е најдено починато лице во непосредна близина на градскиот трговски центар во Тетово. Веднаш потоа полицијата го обезбеди местото и започна увид заедно со претставниците на Обвинителството. Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор, информираат од Обвинителството.
Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот.