Малолетник вчера му одзел пари на турист од Сингапур. Малолетникот е приведен а одземените пари му се вратени на сопственикот.
– На 26.10.2023 во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот од ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.