Наставата во основните училишта во Гази Баба започна со интонацијата на државната химна

Со интонирањето на државната химна утрово започна наставата во основнит еучилиште на подрачјето на скопската општина Гази Баба. Градоначалникот Бобан Стефковски објави дека утринава бил во ООУ „Кирил и Методиј“ во населеното место Стајковци.

-Таму наставата започна со интонација на химната на Република Македонија. Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали нозе ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина. Сметам дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата мила Македонија, објави Стефковски на Фејсбук.

Тој потсети дека Одлуката за интонација на државната химна на почетокот на наставата секој понеделник ја донесе Советот на општина Гази Баба на последната седница. Таква одлука веќе се применува во општина Аеродром.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ако во 2013 – 2014 имало 100.000 регистрирани земјоделци, сега има 60.000
Следна вестКазнети 261 возачи во Скопје, 88 од нив возеле пребрзо