Казнети 261 возачи во Скопје, 88 од нив возеле пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции. Казнети се и 21 возач за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

– Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестНаставата во основните училишта во Гази Баба започна со интонацијата на државната химна
Следна вестБраво: Дејан Георгиевски со сребро на Г1 турнирот во Букурешт