Левица: Повикуваме на протест против урбанистичката мафија која ќе гради згради кај „Треска“

Од политичката партија Левица повикуваат на протест против урбанистичката мафија која ќе гради згради кај „Треска“. Од партијата велат дека со изградба на овие бетонски чудовишта ќе бидат населени 30.000 нови жители на ова мало место, со што се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на градот.

– Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври во 17.00 ч. пред фабриката Треска, на протест против испреплетените интереси на политичката, судската и урбанистичката мафија за криминално одземениот имот на работниците и обидот за целосна бетонизација на Центар и градот Скопје.

Со изградба на овие бетонски чудовишта ќе бидат населени 30.000 нови жители на ова мало место, со што се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на градот – за дополнително загадување на градскиот воздух и пренатрупување со население. Инсистираме да се почитува препораката на Државната комисија за спречување на корупција за забрана за градење поради две тековни предистражни постапки.

Левица – Центар ги повикува сите зелени движења и иницијативи, како и граѓаните на Општина Центар и градот Скопје да се приклучат на протестот, се вели во соопштението на ова партија.

Претходна вестЦепелин на соларен погон ќе направи круг околу светот
Следна вестСтартуваше зимскиот распоред на летање: Од Скопје ќе летаат 13 авиокомпании, од Охрид три