Ги лови ли МВР доволно возачите кои поминуваат на црвено на семафор?

Поминувањети на црвено на семафор е вообичаена работа за извесен број на возачи во Скопје. За жал, бројот (се чини) се зголемува. Тоа може да се види ако само се остане еден час на некоја од прометните крстосници во градот.

Од МВР преку соопштенија секој ден објавуваат дека вршат контроли и пишуваат казни. Па така во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 327 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 35 мерки за возење без возачка дозвола, 8 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Бројките делуваат дека се големи, но дали се доволни за да се вразумат здивените возачи? Вчера во Скопје сигурно многу повеќе возачи поминале на црвено, возеле пребрзо…

Инаку, вчера биле изречени 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 13 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Претходна вестПознати добитниците на наградата „13 Ноември“
Следна вестМалолетничка истепана и со нож повредена од својата сестра