Лина Ѓорческа експресно до четвртфиналето на фјучрсот во Хераклион

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на експресен начин се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во грчки Хераклион.

Нашата најдобра тенисерка претпладнево ја совлада 21-годишната италијанска квалификантка Софија Рокети, 485. на ВТА-листата. Ѓорческа славеше со 6-3, 6-1 за еден час и 13 минути игра. И во двата сета отвораше со брејк, правејќи водство, кое противничката не успеваше да го стигне.

Следна ривалка за 29-годишната тетовка е Сиња Краус од Австрија, шеста носителка на турнирот и 224. на светот. Императивот за Ѓорческа да стигне што подалеку е голем, бидејќи брани титула од Ираклион, од 2022 година, иако тогаш на турнир со пониска вредност, од класата W25.

Претходна вест,,Шеќерни луѓе“ на режисерката Сузана Диневски селектиран на десет меѓународни филмски фестивали
Следна вестБајден: Ако нема пари за Украина ќе нема ни за Израел