Актерката Скарлет Јохансон ja тужи вештачката интелигенција

Актерката Скарлет Јохансон, ја тужи вештачка интелигенција која го користела нејзиниот глас и лице во онлајн-реклама без дозвола, пишува „Варајети“. Рекламата промовира апликација за уредување на слики со вештачка интелигенција наречена „Лиса АИ“ (“Lisa AI: 90s Yearbook & Avatar“), која користела верзија на нејзиното лице и глас генерирани од вештачка интелигенција.

Во рекламата таа е прикажана како ги поканува корисниците да видат што е новата апликација развиена од страна на инвеститорот „Конверт софтвер“ („Convert Software“).

Адвокатите на актерката потврдија за „Варајети“ дека Скарлет не е претставничка на апликацијата, а откако е откриена рекламата на 28 октомври, веднаш е преземена соодветна правна постапка. Рекламата, оттогаш не може да се најде на социјалните мрежи.

Актерката вели: „Што е, момци? Тоа е Скарлет и сакам да дојдете со мене…“ пред графиката да премине во фотографии генерирани од вештачка интелигенција кои личат на актерката.

Лажниот глас кој ја имитира Скарлет продолжува да зборува, промовирајќи ја апликацијата за вештачка интелигенција.

– Тоа не е ограничено само на аватари. Можете исто така да креирате слики со текстови, па дури и со вашите видеа со вештачка интелигенција. Мислам дека не треба да го пропуштите, вели глас кој звучи како актерката.

Со мал фонт на дното на рекламата пишува: „Фотографиите се создадени со помош на „Лиса Аи“ („Lisa AI“). Тоа нема никаква врска со оваа личност“.

Инаку, Скарлет не е единствената позната личност на која нејзиното име и лице се украдени и манипулирани заради рекламирање. Минатиот месец, Том Хенкс се огласи на социјалните мрежи за да ги предупреди своите фанови за промотивно видеоза стоматолошки план, во кој е создаден ликот на актерот со вештачка интелигенција.

Претходна вест19-годишно момче се повредило на работа
Следна вестИзгаснати пожарите кај селата Лажани и Доброшинци