Се продава дијамант за 50 милиони долари

Најголемиот син дијамант некогаш ставен на аукција би можел да достигне цена од 50 милиони долари на продажбата на ретки скапоцени камења на Кристи во Женева на 7 ноември, соопшти денеска аукциската куќа. Познат како „Блу Ројал“ (Bleu Royal), овој живописен син дијамант – кој е поставен во прстен – е еден од најретките откриени досега.

– Она што го прави „Блу Ројал“ (Bleu Royal) толку редок и посебен е неговата големина. Со 17,6 карати, тој е најголем од ваков вид, рече Рахул Кадакиа, меѓународен шеф за накит на Кристи. – Во 2016 година, „Кристи“ продаде редок син дијамант од 14,6 карати познат како за повеќе од 57 милиони долари. Се надеваме дека ќе го победи Опенхајмер, рече Кадакија.

На посебна онлајн аукција која ќе трае од 3 до 16 ноември, Кристи ќе понуди бисерен ѓердан што го носела филмската и модната икона Одри Хепберн во последната сцена на филмот „Празник во Рим“ од 1953 година.

– Го проценивме од 20.000 до 30.000 долари, така што е сосема разумно, рече Кадакија.

На аукција ќе се најде и рачниот часовник „Ролекс“ што го носеше Марлон Брандо во филмот „Апокалипса сега“ од 1979 година, на чиј заден дел актерот го изгравирал својот потпис за да избегне случајно да го замени за време на снимањето.

Пред две години тој часовник бил продаден на аукција за 2,2 милиони долари.

 

Претходна вестЕУ забрани да се користат лични податоци за рекламирање на социјалните мрежи
Следна вестГевгеличанец сакал да убие извршител и адвокат