„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт – Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива. Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на партиите Изет Меџити и Биљал Касами.

Гаши информира дека врвен приоритет на нивната коалиција останува борбата против корупцијата. Посочи дека го поддржуваат и патот на нашата земја кон евроинтеграциите.

Гаши потенцира дека крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик.

Претходна вестУтре почнува ревизијата на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
Следна вестНиколоски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има ни пред ни по избори