Мицкоски: Во маркетите имаме европски цени, а стандардот е полош и од некои африкански земји

Министерот за економија или долго време не влегол во маркетите или не знае што се случува и со каква мака се соочуваат граѓаните, во маркетите имаме европски цени, а стандардот е полош и од некои африкански земји. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Радовиш во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените“,
одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што министерот за економија вели дека храната поевтинува.

– Министерот за економија или долго време не влегол во маркетите или не знае што се случува. Најлошо е кога политичарите го зборуваат она што не го чувствуваат граѓаните. За жал, тоа го прави и министерот за економија, можеби тој го изгубил тлото под нозете, како и впрочем цела Влада на ДУИ и СДСМ, одамна заборавиле со какви маки се соочуваат граѓаните секојдневно, денес, за жал, во маркетите имаме храна, која има европски цени, но, за жал, стандардот ни е, да ми простат, полош од африканските држави. Така што, добрата вест е, ќе повторам, што за неколку месеци од денес овие луѓе ќе бидат минато, ќе дојдат луѓе што ќе се грижат за иднината на Македонија, изјави Мицкоски.

Претходна вестМВР: Министерството има силен сојузник во фондацијата „Заев“, ни подари…
Следна вестРодителите на петгодишната Јана од Битола која почина со 19 единици шеќер во крвта, се иселија од Македонија